Пад на производството, но рекорден раст на продажбата на дрва во првиот квартал

Во првото тримесечје од 2026 година, вкупното производство на шумски сортименти во државните шуми бележи благо намалување од 1.4 % во однос на истото тримесечје од претходната година, објави Државниот завод за статистика. Во првото тримесечје од 2026 година, вкупното производство на шумски сортименти во државните шуми изнесува 34 044 м3 и во споредба со истото тримесечје од 2025 година е намалено за 1.4 %.

Во истиот период, вкупната продажба на шумски сортименти изнесува 35 590 м3 и бележи зголемување од 33.7 %.

Најголемо намалување на производство на шумски сортименти е забележано кај рудничкото дрво, и тоа за 39.0 %, по што следат просторното дрво, и трупците.

Пораст на производството е забележано единствено кај другото обло дрво, и тоа за
44.7 %.

Производство на шумски производи:

Огревно дрво 26 668 м3
Трупци 5 189 м3