Странските директни инвестиции (СДИ) во Турција достигнаа 6,3 милијарди долари во првата половина од годината, што претставува пад од 9,6% во однос на истиот период минатата година, кога оваа бројка беше 7 милијарди долари, наведуваат од Министерството за економија, пишува Хуријет.
Најголем дел од СДИ се слеал во енергетскиот сектор, 1,27 милијарди долари, а потоа следува производството.
Околу 40% од вкупните СДИ доаѓаат од земјите членки на Европската унија, а околу 38% се од Азија.