
Цените на нафтата на светскиот пазар паднаа во средата, откако се намалија стравувањата за понудата предизвикани од состанокот на ОПЕК подоцна во средата, јавува Anadolu.
Падот на цената на нафтата уследи по остриот пораст на слободните работни места во САД, што покажува дека ФЕД може да продолжи да ги зголемува каматните стапки, засенувајќи ги стравувањата од понудата на состанокот на ОПЕК.
Меѓународната референтна цена на нафтата „брент“вчера изнесуваше 90,30 долари за барел по пад на цената од 0,68 отсто. Утрово се тргува по цена од 86,38 долари за барел.
Американскиот репер West Texas Intermediate (WTI) се тргуваше за 88,55 долари за барел, откако падна за 0,76 отсто. Утрово се тргува по цена од 84,69 долари за барел.
Според податоците на Министерството за труд објавени во вторникот, бројот на отворени работни места во САД се зголемил на 9,61 милиони во август.











