
Цените на нафтата беа малку променети во вторникот, балансирајќи помеѓу стравувањата дека зголемувањето на каматните стапки во Соединетите Американски Држави (САД) може да ја забави американската економија и знаците за закрепнување во Кина.
Според последните податоци објавени на веб-страницата OilPrice.com во средата, цената на нафтата од типот брент падна на 82,87долари за барел. WTI се тргува за 78,95 долари.
На лондонскиот пазар цената на барелот во вторник по пладне беше речиси непроменета во однос на претходното затворање и изнесуваше 84,58 долари. Позначителни промени немаше ниту на американскиот пазар каде барелот се тргуваше по 80,81 долари.
Во утринската трговија, трговците беа охрабрени од фактот што кинеската економија порасна за 4,5 отсто во првиот квартал, посилно од очекуваното, а преработката во рафинериите достигна рекордно ниво во март, пренесува Мина.
Цените беа поддржани и од послабиот долар, поради подобрената куповна моќ на купувачите со други валути и индициите дека Ирак и Курдистан би можеле да го рестартираат извозот на нафта преку турското пристаниште Џејхан, по речиси тринеделна блокада.
Во текот на денот, расположението се намали и повторно преовладаа стравувањата дека уште едно четврт поен зголемување на каматните стапки во САД во мај, како што се очекуваше, може да влијае на економскиот раст.
Фото: Facebook











