Пад на вредноста на златото

Вредноста на златото е на пат за втор неделен пад, при што цените се приближуваат на најниското ниво од 2020 година.
Силниот долар помогна, додека акциите со потпора на ЕТФ (пасивни фондови) ги зголемија загубите, објави Блумберг.

Цената на златото на берзата падна на околу 1.626 долари за унца.

Одливите од средствата со потпора испраќаат „мечешки“ сигнали (кога цените паѓаат) на берзата.