Пад на вредностите на пазарот на криптовалути

105

Уште еден ден по ред, пазарот на криптовалути забележа пад на вредноста од 1,9 проценти.

Биткоинот забележа пад на вредноста од 1,2 проценти во последните 24 и во утрово се тргува по 42.360 долари. За една недела, оваа криптовалута загуби 9,9 проценти од својата вредност.

Етереумот помина полошо. Падна за 3,5 проценти во последните 24 часа и во утрово вреди 2.936 американски долари. Падна за 14,3 проценти во изминатата недела.