Пад од 0,7% на БДП во последното тримесечје од 2020 година

28

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за четвртото тримесечје од 2020 година е -0,7%.

Во четвртото тримесечје од 2020 година, пораст е забележан во секторите Дејности во врска со недвижен имот од 2% и Финансиски дејности и дејности на осигурување од 1%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2020 година номинално опаѓа за 1,6%, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 62,4%.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 4,5%, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 5,7%.

Фото: Pexels