Пад од 7% на приходите на ОНЕ и Диги Плус Мултимедиа

48

One

Телекомуникацискиот оператор ОНЕ во Македонија (фиксна, мобилна телефонија и интернет) и Диги Плус Мултимедиа (дигитални услуги) остварија приходи од 17,5 милиони евра во првиот квартал од годината, што е пад од 7%.

Ваквиот резултат се должи на намалувањето на интерконекциската цена која се случи во ноември 2013, стои во соопштението на компаниите дел до груапцијата на Телеком Словенија.

Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација EBITDA за наведениот периодот изнесува 2,1 милиони евра.

Оставрена е оперативна загуба од еден милиони евра, што е пад од 900.000 евра во однос на истиот период од минатата година, но на минатогодишниот резултат позитивно влијаеше надоместокот од одредени побарувања кон поранешниот сопственик на компанијата. Со елиминација на тие еднократни ефекти, ОНЕ бележи значаен пораст.

Бројот на фиксните широко-појасни интернет претплатници на ОНЕ на крајот од март 2014 е на исто ниво како и крајот на минатата година, и изнесуваа околу 40.000 претплатници, додека приклучоците во мобилна телефонија се зголемија за 1% и изнесуваат 533.000.

ОНЕ инвестираше 1,5 милиони евра во Македонија во првиот квартал од 2014 година со што се продолжува со понатамошна модернизација на мрежната инфраструктура и во овозможување на нови современи услуги на своите корисници.