Падна цената на алуминиумот

69

Цената на алуминиумот на лондонската берза падна во средата на најниско ниво од март 2021 година, поради очекуваното значително зголемување на каматните стапки во САД, како и поради зајакнувањето на американскиот долар, кој достигна највисока вредност во последните 20 години.

Цената на алуминиумот на Лондонската берза за метали (LME) падна на 2.198 долари за тон, пренесува ТАСС повикувајќи се на податоци од платформата за тргување. И покрај високите трошоци за енергија, глобалното производство на алуминиум се зголеми за 3,5 отсто во август, на годишно ниво.

Во исто време, поради цените на енергијата, европските топилници на алуминиум мораа да го намалат производството за 1,1 милион тони годишно. Арцелор Митал, еден од најголемите производители во Германија, најави затворање на две свои компании.

Референтната цена на алуминиумот на лондонската берза падна за 21 отсто од почетокот на тековната година, пренесува Ројтерс. Побарувачката на алуминиум во светот е намалена поради зголемената инфлација и зголемувањето на цените на енергијата, а западните производители се се помалку конкурентни во споредба со руските.