Падна цената на гасот во Европа

120

Цената на гасот во Европа падна на две илјади американски долари за илјада кубни метри во текот на денешното тргување, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.

Цената на гасот падна за осум отсто од почетокот на првиот трговски ден во неделата, пренесува Мина. Октомвриските фјучерси на холандската берза за гас ТТФ паднаа на 2.003 долари за илјада кубни метри, или 190,03 евра за мегават-час (MWh).

Цената на гасот паѓа бидејќи резервите на гас во европските складишта се приближуваат до максималното ниво, кое во моментов изнесува околу 83,5 отсто од капацитетот. Земјите од Европската унија претходно се обврзаа да за зимската сезона 2022-2023 г. обезбеди најмалку 80 отсто од капацитетот за складирање и 90 отсто за сите идни зимски сезони.