Падна продажба на мало во еврозоната

Обемот на продажбата на мало во еврозоната во декември падна за 1,1 отсто, објави денеска Евростат на својата веб-страница.

Трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун падна трет пат по ред на месечно ниво, овој пат за 1,6 отсто, а на мало со непрехранбени производи за 1 отсто.

Онлајн трговијата падна за 3,7 отсто месечно, што е најголем пад од јули 2021 година.

На годишна основа, продажбата на мало во еврозоната падна 15-ти месец по ред, овој пат за 0,8 отсто.

Најголем пад на малопродажбата на годишно ниво во Европската унија е забележан во Словенија, за 15 отсто, Естонија за 4,2 отсто, Словачка за 3,8 отсто, додека најголем раст е забележан во Хрватска од 8,9 отсто, на Кипар за 3,8 отсто. проценти и во Шпанија за 3,4 проценти.