Паднаа цените на нафтата

30

Цените на нафтата паднаа под 83 долари на меѓународните пазари, бидејќи загриженоста за економијата поради зголемените трошоци за задолжување во САД ги засени очекувањата за закрепнување во Кина.

На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне изнесува 82,71 долари. На американскиот пазар барелот се тргува по цена од 75,97 долари.

Во фокусот на пазарот оваа недела се записниците од седницата на американската централна банка ФЕД, откако минатонеделните податоци покажаа запирање на трендот на слабеење на инфлацијата. Инвеститорите стравуваат дека ФЕД би можел да ги задржи каматните стапки на повисоко ниво во такви услови подолго време.

Повисоките трошоци за задолжување би значеле побавен економски раст и побарувачка на нафта.