Паднаа цените на нафтата

47

Цените на нафтата вчера паднаа под 84 долари на меѓународните пазари бидејќи трговците беа загрижени од падот на кинескиот извоз и увоз на почетокот на годината што сигнализира слаба глобална економија и потенцијално помала побарувачка за нафта.

На лондонскиот пазар утрово цената на барелот изнесува 83,19 долари.  Барелот поевтини и на американскиот пазар каде се тргува по 77,33 долари.

Податоци од Кина

Трговците вчера беа вознемирени од падот на кинескиот извоз и увоз во јануари и февруари, и покрај укинувањето на строгите мерки за сузбивање на коронавирусот, што сигнализира слаба странска побарувачка. Во фокусот на нафтените пазари беше првенствено падот на увозот на кинеска нафта.

„Со оглед на високата инфлација во САД и Европа, нивната побарувачка треба да продолжи да слабее, што исто така ја намалува побарувачката за преработка во Кина“, објасни Ајрис Панг од ING.

Фото: Facebook