Паднаа цените на нафтата

54

Цените на нафтата денеска паднаа на меѓународните пазари, бидејќи трговците беа загрижени од навестувањата за слабата кинеска побарувачка и мрачните прогнози за светската економија во новата година.

На лондонскиот пазар цената на барелот изнесува 80,63 долари. На американскиот пазар барелот се тргуваше по цена од 75,60 долари.

Важна одлука на Кина
Кон крајот на минатата година, трговците внимателно ги следеа најавите за олеснување на строгите мерки за контрола на Ковид во Кина, што ја попречи побарувачката. Пекинг конечно попушти на притисокот на јавноста и ги олесни ограничувањата што беа во сила од 2020 година, но заразата оттогаш се зголеми.