Паднаа цената на златото и на пченицата

19

Европските и американските берзански индекси денеска се претежно во пораст, а во исто време е забележан и пад на цените на златото и на пченицата.

Според последните податоци на германската федерална статистичка служба Destatis, германското индустриско производство падна за 1,6 отсто на месечно ниво во декември 2023 година, а индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот падна на 17.004,56 поени.

Лондонски FTSE 100 се искачи на 7.686,11 поени, францускиот CAC 40 на 7.644,01 поени, московскиот MOEX на 3.248,05 поени.

На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 28 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 2.033,11 долари за унца (унца е еднаква на 28,35 грама), а цената на пченицата падна на 5,9286 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,07628, што е приближно исто како во вторникот, пренесува Танјуг.