Паднаа цените на нафтата

18

Цените на нафтата паднаа  поради можноста за прекин на конфликтот во Газа што може да ја намали геополитичката загриженост на Блискиот исток, додека посилниот долар и слабата побарувачка на бензин во САД, исто така, влијаеа на цените.

Фјучерсите на суровата нафта брент се за 53 центи пониски или 85,25 американски долари за барел. Фјучерсите на американската сурова нафта паднаа за 52 центи на 80,55 долари за барел.

И двата договори треба да ја завршат неделата на исто ниво или со мали загуби по минатонеделниот раст од околу три проценти.

На падот на цената на нафтата влијаеше извештајот за нацрт-резолуцијата на ОН со која се повикува на прекин на огнот во Газа, изјави за Ројтерс аналитичарот на ИГ, Тони Сајкамор.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вчера рече дека верува оти разговорите во Катар би можеле да постигнат договор за прекин на огнот во Газа, што ќе ги зголеми шансите за поголемо глобално снабдување со нафта.

Блинкен се состана со арапските министри за надворешни работи и египетскиот претседател Абдел Фатах Ел-Сиси во Каиро додека преговарачите во Катар се фокусираа на приближно шестнеделното примирје.