Паднаа цените на нафтата

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 105,67 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 105,66 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 148,85 на 149,10 јени.

Но, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0620 долари, додека вчера во овој момент беше 1,0605 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, паднаа втор ден по ред, откако најголемиот светски производител Саудиска Арабија изјави дека ќе помогне да се стабилизира пазарот доколку дојде до нарушување на снабдувањето од Блискиот Исток.

Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се лизна за 0,27 отсто, на 85,60 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 0,38 отсто, на 83,20 долари.