Централната банка на Британија во вторникот предупреди дека неодамнешните падови на криптовалути кои збришаа повеќе од 2 трилиони долари ја нагласуваат потребата од построги финансиски регулативи.
Банката соопшти дека падовите ги изложиле недостатоците на крипто-пазарите кои потсетуваат на претходните финансиски превирања, пренесува Бета.
Екстремната нестабилност на крипто-пазарите доведе до масовна продажба и засилен пад на цените, објави банката во својот најнов извештај за финансиската стабилност.
Иако целокупната финансиска стабилност не е загрозена, банката е загрижена дека „системските ризици“ ќе растат бидејќи криптовалутите стануваат сè повеќе испреплетени со поширокиот финансиски систем.
Затоа таа повика на „подобрени регулаторни рамки и рамки за спроведување на законот“.
„Технологијата не ги менува законите на економијата и финансиите и ризиците“, се вели во соопштението.
Банката процени дека е неопходно да се воведе регулаторен систем кој ќе управува со тие ризици во крипто светот на ист начин како што се управуваат во конвенционалниот свет.











