Паѓаат цените на нафтата

58

Цените на нафтата паднаа во петокот на меѓународните пазари на 74 долари под притисок на континуираните превирања на финансиските пазари кои беа поттикнати од проблемите во банкарскиот сектор.

Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се тргува за 72,97 долари, додека на американскиот за 66, 74 долари.

Пазарите неделава ги потресе колапсот на американските Silicon Valley Bank (SVB) и Signature Bank и проблемите во Credit Suisse и американската банка First Republic, што предизвика остар пад на акциите на банките.

Инвеститорите добија уверување од швајцарската централна банка, која обезбеди 50 милијарди франци помош за Credit Suisse. Ситуацијата во САД се смири по одлуката за исплата на депозити на сите клиенти и најавата на големите банки за помош од 30 милијарди долари за First Republic.

Фото: Pixabay