Паѓаат цените на нафтата на меѓународните пазари

57

Цените на нафтата паднаа во средата на меѓународните пазари и се движат кон 84 долари. Падот дојде откако Кина сигнализираше дека ќе интервенира на цената на јагленот со цел да обезбеди снабдување со електрична енергија и топлина и со тоа да ја ублажи побарувачката за мазут и дизел.

На лондонскиот пазар, цената на барелот беше 85 центи пониска во однос на претходното затворање и изнесуваше 84,23 долари, пренесува СЕЕбиз.

На американскиот пазар се тргуваше  по цена пониска за 85 центи или 82,11 долари. Во договорите со рокови за испорака во декември, нејзината цена се намали за 98 центи, на 81,46 долари.

Пазарите внимателно ги следат проблемите со снабдувањето со енергија во Кина, а фокусот е на напорите на Пекинг да го зголеми производството на јаглен, чии цени достигнаа рекордни нивоа во последните денови, а со тоа и да обезбедат снабдување со електрична енергија и топлина.