Пакетчиња од Рош за децата од центарот за цистична фиброза

47

Децата од Центарот за цистична фиброза при Клиниката за детски болести добија Новогодишни пакетчиња, донација од Рош. Компанјата исто така донираше и средства на здружението Во мојот свет.

Претставништвото на фармацевтската компанија Рош во Македонија по повод претстојните празници ги израдува децата од Центарот за цистична фиброза со 70 новогодишни пакетчиња.

“На овој начин Рош ја продолжува традицијата. Имено, од 2009 година Рош на ваков симболичен начин им ја честита Новата година и празниците на дечињата од Центарот за цистична фиброза при Клиниката за детски болести во Скопје”, се вели во соопштението.

Фармацевтската компанија донираше и средства во износ од 100.000 денари како поддршка на Здружението на граѓани за третман на лица со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром Во мојот свет.

Од Рош изјавија дека и понатаму ќе се залагаат за подобрување на квалитетот на животот на пациентите во Македонија.