Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување Пакомак на годинешното доделување на награди за Општествено одговорни компании се закити со статуетка – национална награда во категоријата за заштита на животна средина.
Настанот е во органзиација на Министерството за економија на Република Македонија и вкупно беа доделени дваесет и една награда за успешното остварување на одговорни практики во 2013 година, а пријавените компаниите се натпреваруваа во пет различни категории.
Проектот со кој конкурираше Пакомак на овогодишниот натпревар е со наслов “Чиста околина, чисто училиште, чисти раце“ чија идеја беше подигнување на хигиената во училиштата со донација на течен сапун соглсно нивните потреби и едукација на децата за бенефитите од рециклирањето.
“Со овој проект сакавме да ги потткнеме децата од најмала возраст да внимаваат на своето здравје грижејќи се за околината во која поминуваат најмногу време, да го селектираат отпадот и да создаваме нови, еколошки едуцирани генерации, кои активно ќе учат дека со селектирањето на отпадот ја зачувуваме природата и дека тој може повеќе пати да се рециклира и да дава нова вредност“, изјави Ико Брдароски, менаџер за грижа за корисници во Пакомак.
Резултатите постигнати со наградениот проект беа конкретни и видливи промени врз корисниците, општеството или животната средина.
Во рамките на оваа успешна акција беа собрани над 1,5 милиони пластични шишиња или повеќе од 40 тони пластичен отпад од основните училишта од шест општини: Кисела Вода, Карпош, Аеродром, Ѓорче Петров, Центар и Гази Баба. Отпадот беше однесен на рециклирање, а во тој процес учествуваа сите одговорни граѓани на ова општество од овие општини. Со проектот директно се ангажираа и информираа над 30.000 семејства во Скопје кои почнаа да го селектираат отпадот и заедно да размислуваат и разговараат за екологијата, за дивите депонии, за идните предизвици на планетата Земја и за тоа како паметно да се селектира отпадот за да добиеме почиста планета, почист воздух, поздрава храна и почисто училиште.
Според истражувањата на “Брима Галуп“ од мај, 2013 година, населението во општините опфатени со проектот е информирано на завидно ниво во врска со селектирањето на амбалажен отпад, потребата од рециклирање, родителите се инфомирани и вклучени во училишните еко-активности на своите деца.
Пакомак е непрофитабилна компанија која има за цела да остави печат на позитивни и социјално одговорни промени во општеството. Општествената одговорност за Пакомак е бизнис – императив и како успешна и современа компанија има влијание има врз своите потрошувачи, партнери, околината и врз целото општество.
Пакомак на општествената одговорност гледа како на стратешка цел на долг рок, која има за крајна цел подобрување на целокупниот квалитет на живот во окружувањето во кое дејствува, преку грижата за животната средина која е и основна дејност на компанијата.