Најскапиот дом во САД, чија цена од 195 милиони долари моментално е спуштена на 149 милиони, се простира на земјиште од 25 хектари, додека цената за негово месечно изнајмување е 475.000 долари.
Главната резиденција на имотот што се наоѓа во Беверли Хилс, Калифорнија, зафаќа површина од 3.500 метри квадратни и комплетно опремена куќа за гости. Имотот располага со 12 спални соби и 20 бањи, како и мастер апартман од 500 метри квадратни.
Просторот за забави може да смести 250 луѓе, а тука се наоѓа и кино со 50 седишта, куглана, сала за бал со ротирачки под, кабина за диџеј и ласерски систем за осветлување.
Дел од луксузот се и големата фонтана и водопадот, спа центарот, просторот за скари и тенискиот терен. Palazzo di Amore има своја приватна винарија каде годишно се произведуваат околу 500 пакети со вино, како и два вински подруми со место за над 12.000 шишиња.
Куќата има и свој паркинг за 150 автомобили, а гаражата собира 27.