Палома бара инвеститори за докапитализација

54

paloma

Словенечката компанија Палома ги повика заинтересираните инвеститори да учествуваат во планираната докапитализација, вредна 15 милиони евра. Компанијата планира парите да ги искористи за проширување на производството, стои во јавниот повик објавен на интернет страната на компанијата.

Палома ја гледа докапитализацијата како најдобар избор за да се обезбеди развој на компанијата во модерно и меѓународно конкурентно друштво, со визија да стане водечки произведувач на висококвалитетна хигиенска хартија во регионот, стои во соопштението.

Процесот на докапитализација ќе се одвива во две фази. Процесот на собирање изјави за интерес го водат Erste Group Bank AG и S&P Capital.

Според претходните пишувања на словенечките медиуми, за Палома се заинтересирани конкуренти главно од регионот. Упатените во процесот очекуваа во постапката на продажба да учествува словачката компанија Slovak Hygienic Paper (SHP), а за Палома беше заинтересиран и српски Дреник. Двете компании беа во најтесниот избор во претходната пропадната постапка за продажба во 2011 година.