Палома бара стратешки партнер

14

paloma

Словенечка Палома со Erste Group Bank AG и S&P Capital склучи договор за извршување услуги финансиско советување во процесот на изнаоѓање на инвеститор или група инвеститори за докапитализација на компанијата.

Според весникот Финанце, Палома неодамна ја посетиле неколку потенцијални инвеститори, а за оваа компанија се заинтересирани конкуренти главно од регионот. Упатените во процесот очекуваат во постапката на продажба да учествува словачката компанија Slovak Hygienic Paper (SHP), а пред некое време за Палома беше заинтересиран и српски Дреник. Двете компании беа во најтесниот избор во претходната пропадната постапка за продажба во 2011 година.