‘Паметен чорап’ ќе ве информира за здравјето на вашето бебе

57

1211-40 090Наскоро на пазарот ќе се појави таканаречен ‘Паметен чорап’, составен од сензори кои ќе го следат здравјето на вашето бебе, а вам ќе ви испраќаат податоци на мобилниот телефон или на компјутерот.

Чорапот кој се вика Owlet функционира така што се става на ногата на бебето додека спие. Тој во исто време го мери пулсот, температурата, кислородот во крвта и дава информации за положбата на спиење на бебето.

Џејкоб Колвин, ко-основачот на проектот, кој и самиот има две деца кои страдаат од вирусна инфекција и имаат отежнато дишење, за веб прталот VentureBeat изјави дека со ова сака да им излезе во пресрет на сите млади родители.

Цената на овој производ ќе изнесува 199 долари.