Паметен материјал го стоплува корисникот кога му е ладно и го разладува кога му е жешко

36

Фото: Pixabay

Научници од Универзитетот во Мериленд развија паметен материјал што може да го стопли корисникот кога му е ладно и да го разлади кога му е жешко, пишува Dezeen,

Материјалот е направен од полимерни влакна што се обложени со јаглеродни нано цевки, што овозможуваат материјалот да реагира на промените во топлината на телото.

Ефектот е моментален, бидејќи ткаенината може да реагира уште пред корисникот да почувствува непријатност поради топлина или студ.