Можеби планот на собата ќе ве натера да направите аголна кујна. Тоа е кујна поставена покрај два ѕида и е дизајнирана во форма на буквата “Г”. Секогаш аголниот дел претставува предизвик за секого, и за архитектот или дизајнерот на кујната, па и за Вас како нарачатели. Понекогаш планот дозволува искористување на предностите на аголен елемент со плотна и мијалник, но понекогаш, поради ограничувањето во просторот, мора да се примени поинакво решение. Начинот на спојување на елементите ќе создаде слеп и тешко достапен простор во аголот кој најчесто се користи како место за најНЕупотребуваните работи во кујната – пракса која и денес се употребува.
803BW е ергономичен механизам кој ќе даде одговор на предизвикот. Внимателно разгледувано и дизајнирано решение паметно да го пополни и искористи празниот простор, а потоа лесно и многу едноставно да дојдете до бараната содржина.
Бидејќи е член на серијата De Luxe од италијанскиот производител INOXA, стандардни се лизгачите со меко затворање, како и дрвените полици со подлога која спречува пролизгување на содржината во нив.
Механизмот има две нивоа – четири полици кои сихронизирано се извлекуваат кога ќе се отвори вратичката. Металната структура е прекриена во гаванизиран хромов финиш кој на механизмот му дава естетски привлечен изглед и отпорност на влага.