Фото: YouTube
Научници од универзитетот Стенфорд развија прототип на нова технологија којашто може да ги замени стандардните методи на намалување на светлината на прозорите во просториите. Нивното решение доаѓа во облик на мало стакло со површина од 25 сантиметри коешто може да се претвори од проѕирно во непроѕирно и обратно за помалку од една минута. Научниците се надеваат дека во иднина оваа технологија ќе се применува на поголеми стаклени површини.
Процесот на затемнување на “динамичните прозорци“ се одвива со користење на електрична енергија. Стаклото е премачкано со посебни метални премази коишто реагираат на промената на напонот на струја што доаѓа преку поврзаните електроди. Корисникот на паметниот прозорец во иднина лесно би можел да го контролира нивото на проѕирност.
Кога е целосно проѕирно стаклото, опремено со оваа технологија, пропушта околу 80% светлина, а кога целосно ќе се затемни светлината се намалува на 5%, пишува Science Daily.
“Возбудени сме што технологијата на динамични прозори има потенцијал да го оптимизира осветлувањето во просториите или возилата и да заштеди околу 20% од трошоците за греење и ладење“, вели професорот Мајкл Мекги.