Паметен термометар што мери температура 24 часа

25

Старт – ап од Хонг Конг создаде паметен термометар којшто ја следи температурата кај децата, безбедно и точно. Се состои од лепенка и мала кутија со LED светла.

Лепенката се става под пазувата на детето, а LED кутијата алармира доколку забележи зголемени вредности. Изработена е од мек силикон, не предизвикува неудобност и има специјален дизајн што не дозволува детето да ја голтне.

Може да се користи 24 часа со едно полнење, а ја покажува температурата на телото за само една минута од местење на лепенката. Кога температурата ќе биде над 38℃ или ако лепенката падне, родителот добива аларм и веднаш може да реагира.

Паметниот термометар ја мери и собната температура, со што овозможува оптимални услови за детето во случај на настинка. Лепенката е водоотпорна и не реагира на пот.

Производот има кампања на платформата Indiegogo којашто трае уште 19 дена.