Паметна куќичка за кучиња од Samsung

108

samsung_doghouse_980x457Дијамантски коланчиња, крзнени транспортери и облека дизајнирана од модни дизајнери се веќе видени нешта во луксузниот свет на кучињата. Затоа Samsung реши да изненади со нешто сосема ново и инвентивно, па затоа ја создаде Dream Doghouse, куќа за кучиња од соништата.

Оваа паметна куќичка не само што го менува животниот стил на кучињата, туку им дава шанса на овие домашни миленичиња да живеат во луксузен дом.

“Имавме задача да ја дизајнираме одгледувачницата на иднината, со нежни и меки материјали и да и дадеме футуристички изглед”, вели Брајан Доулинг, директор на продукција.

Куќичката има подвижна лента обложена со вештачка трева, дизајнирана да му даде на кучето чувство дека е надвор на прошетка. Исто така тука е и хидроелектричниот мини базен кој овозможува опуштање, релаксација, дури и подмладување на вашето сакано милениче.

Куќичката вклучува и автоматска хранилка која нуди храна со притискање на копче.

Внатрешноста на куќата, која чини 30.000 долари, е украсена со принтови од кучешки шепи и опремена со перничиња и квалитетен кадифен тепих.