Паметна облека што грее преку притискање копче

48

obleka

Фото: Polar Seal

Компанијата Polar Seal произведува паметна облека којашто обезбедува инстант топлина само со едно притискање на копче. Идеална е за алпинистички активности, зимски спортови, џогирање, пешачење, велосипедизам.

Со помош на водоотпорни LED осветлени контролни копчиња што се наоѓаат на рачниот зглоб, корисниците можат лесно да прилагодат три нивоа на температура за помалку од 10 секунди, пишува Coolest gadgets.

Облеката е дизајнирана да биде лесна и флексибилна. Има широк спектар на бои и големини за мажи и жени. Polar Seal може да го грее телото на корисникот до осум часа.

Корисникот може да го активира загревањето во долниот или горниот дел од грбот посебно или истовремено за да ги задоволи неговите потреби и удобност. Копчето за грејна зона овозможува лесно прилагодување на деловите од телото кои корисникот сака да ги стопли.