Паметната јакна на Google и Levi’s ќе чини 350 долари

44

levis-jakna

Минатата година Google и Levi’s ги здружија силите за да ја направат првата паметна тексас јакна што целосно ја инкорпорира технологијата на Project Jacquard. Двете компании на годинешната SXSW конференција, којашто се одржува во американскиот град Остин, соопштија дека паметната јакна ќе се појави на пазарот оваа есен и ќе чини 350 долари, пишува Slash Gear.

levis

Фото: YouTube Screenshot

Во паметната јакна е имплементирана Jacquard технологијата, којашто вклучува ткаенина осетлива на допир благодарение на големиот број сензори.

Само со допир на ракавот на јакната можете да се јавите ако некој ве бара, да ја смените мелодијата што ја слушате или да ја пуштите гласовната навигација додека возите.

Паметната јакна најмногу ќе им биде од корист на велосипедистите кои ќе можат слободно да се возат низ градскиот метеж и да одговараат на повици без да ги тргнат очите од патот. Исто како и останатите парчиња облека и оваа јакна може да се пере во машина, само треба да го извадите електронскиот уред.