“Паметни” чевли ќе го заменат бастунот за лица со оштетен вид

45

3423626wr.siСтудент од Аргентина измисли чевли со ултразвучни сензори кои им овозможуваат на лицата со оштетен вид да се движат без помошен бастун, јавува RT.

Предноста на овие чевли е што истите вибрираат кога оној што ги носи се доближува до некаков објект.
Чевлите, наречени Duspavoni, се дело на Хуан Мануел Бустаманте студент на Индустрискиот колеџ #4, а беа презентирани на Националниот саем за наука во Буенос Аирес.

На Хуан му требаа шест месеци за да ги создаде овие револуционерни обувки.

Чевлите имаат три ултразвучни сензори сместени во предниот, страничниот и задниот дел, кои емитуваат ултразвучни бранови, при што тие се рефлектираат од објектот и повторно се враќаат во сензорот. Чевелот вибрира во зависност од положбата и оддалеченоста од предметот, па колку е поблиску, толку посилно вибрира сензорот.

Направата може да детектира различни материјали, луѓе и животни во радиус од 63,5 сантиметри од оној што ги носи чевлите.

Обувките доаѓаат заедно со батерии кои можат да се полнат преку USB кабел поврзан за компјутер или полнач од телефон. Времето за батеријата целосно да се наполни е 5 часа, а потоа чевлите можат да се носат три до четири дена.

Овој револуционарен производ е првично наменет за младите слепи луѓе, на возраст од 10 до 25 години, кои носењето бастун, како што велат, ги прави да се чувствуваат маргинализирани.