Паметни очила за прошетка низ Виена

44

Компанијата од Виена развива очила со коишто може да се управува само со поглед и коишто можат самостојно да обработуваат податоци.

Корисникот може да ужива во прошетката низ градот, па кога ќе погледне нешто интересно, системот на паметните очила го препознава и во неговото видно поле ги прикажува сите потребни информации, пренесува Eurocommpr.at.

Очите на корисникот во овој контекст ја преземаат функцијата на компјутерското глувче. Со очите може да се изберат сите занимливости што ги нуди градот, а во системот може да се направи видео запис или фотографија и може директно да се испрати како електронска порака.

Голем дел од компонентите се произведуваат со помош на 3D печатач.

Фото: Pixabay