Паметни телефони: Европскиот пазар во најголем пад од 2013 година

58

Според најновиот извештај на Counterpoint Research, европскиот пазар на паметни телефони го доживеа својот најлош прв квартал од 2013 година.
Споредено со првите три месеци од минатата година, испорачани се само 49 милиони паметни телефони, што значи дека пазарот паднал за цели 12 отсто. Според податоците, само Realme од петте водечки производители го удвоил својот удел на пазарот и со тоа доживеал раст од 67 отсто, пишува Bug.

Самсунг сè уште е водечки производител на паметни телефони во Европа, но неговата продажба е за 16 отсто помала отколку во првиот квартал од 2021 година. Испораките на Apple паднаа за шест отсто, додека најголем пад од дури 36 отсто забележа Xiaomi. По нив следи OPPO, чии испораки паднаа за осум отсто, но тие бројки ги вклучуваат телефоните на OnePlus.

Според GSM Arena, падот на европскиот пазар на паметни телефони беше предизвикан најмногу од неодамнешното заклучување во Кина, зголемената инфлација и војната во Украина.