Паметни телефони што се грижат за корисникот

22

Дизајнерската агенција Morrama, со седиште во Лондон, креираше три паметни концепт дизајни за смартфон, каде што секој од нив вклучува елемент што се “грижи за корисникот“.

Првиот Helping Hand им овозможува на корисниците малку да одморат од телефонот, односно да следат само неколку апликации, како време, календар, часовник и повици на долниот дел од екранот.

Вториот е наречен Quick Escape со којшто за да се видат известувањата треба да се стисне долниот дел на телефонот и да се навали накај корисникот, пишува Dezeen.

Третиот дизајн Present in the Moment им овозможува на корисниците да гледаат само важни известувања на мал екран на задниот дел од телефонот. Со тоа телефонот може да остане во таа позиција подолго време, а корисникот да ја намали зависноста од него.

Целта на Morrama е да се овозможи што помалку одвлекување на внимание со неважни работи на телефонот, а истиот да се користи само кога навистина има потреба.

Фото: Morrama