Паметните очила на Facebook ќе бидат готови годинава

85

При објавата на деловните резултати на компанијата неодамна основачот на Facebook, Марк Цукерберг истакна дека нивниот следен хардверски производ ќе бидат паметни очила кои ги развиваат во соработка со Ray-Ban. Очилата прво беа најавени уште минатата година, кога беше споменато дека можно е официјално да бидат претставени во текот на 2021 година. Изгледа дека Facebook ќе се држи до тие планови и навистина ќе ги претстави до крајот на годината.

Првиот човек на Facebook притоа нагласи дека очилата ќе имаат свој препознатлив и легендарен изглед на којшто сме навикнати од Ray-Ban, а иако нема да имаат можност за проширена реалност, односно да прикажуваат дигитални информации на стаклата, треба да имаат некои интеренси опции, кои Facebook уште не сака да ги открие.

Изгледа дека планот на Facebook прво ќе претстави очила кои ќе бидат слични на класичните очила за сонце за да ги првилечат корисниците, односно за да не ги исплашат со преголема количина технологија и некаков футуристички изглед, што се случи со Google кога го претставија Google Glass.

После тој прв чекор Facebook во текот на наредните години можеме да очекуваме очила кои ќе имаат поддршка за проширена реалност, а со тек на време и VR очила кои треба на голема врата да донесат виртуелна реалност во нашите животи. Уште не е познато како ќе изгледа таквиот гаџет, но познато е дека Цукерберг и неговиот тим веруваат дека виртуелната реалност е следната нова голема платформа која ќе ги смени нашите животи.

Фото: Pixabay