Паметните седишта на Ford знаат ако возачот доживее срцев удар

36

sediste ford test

Седиштата во автомобилите одамна ја немаат само единствената функција за удобност при возењето. Во нив сега се инсталираат грејачи, масажери, вентилатори и слично. Но, конструкторите во Ford одлучија да додадат уште една нова можност, седиштата да можат да препознаат дали возачот доживеал срцев удар.

ЕКГ сензорите, кои ја следат работата на срцето, го детектираат неправилното отчукување на срцето, а во соработка со камерата во автомобилот ја следат положбата на телото на возачот. Автомобилот во итен случај може да активира автоматско управување и сопирање, за да може возилото безбедно да запре и да биде повикана Брза помош.

Истражувачкиот центар на Ford го прави овој иновативен чекор бидејќи се почесто зад воланот во иднина ќе се наоѓаат постари лица, од кои, според статистиките, околу 30% се соочуваат со срцеви проблеми. Системот ќе може да се користи за откривање и други симптоми како што е високиот крвен притисок, пренесува Russia Today.

Ford веќе неколку години работи на вакви седишта и се уште не е познато кога истите ќе се најдат во продажба, но можно е тоа да се случи за помалку од пет години.