Паметните телефони ќе ги заменат возачките дозволи?

44

ajova

Ајова, иако не е земја што се поврзува со технолошките пронајдоци, се обидува да направи чекор напред во таа насока и да воведе апликација што ќе ги замени официјалните возачки дозволи, пишува порталот The Verge.

Властите во земјата планираат да воведат дигитална возачка дозвола како валиден документ, кој граѓаните ќе можат да го користат при идентификација. Планирано е оваа апликација да почне да се користи од следната година, а министерството за трговија на Ајова ќе застане зад нејзиното финансирање.

Ајова би можела да биде првата земја во САД, каде што паметните телефони ќе ги заменат возачките дозволи. Tаа земја веќе е меѓу 30-те земји во светот што им овозможија на возачите да ги заменат хартиените полиси за осигурување. Граѓаните на Ајова, наместо голем куп хартии, на полицајците на увид им испраќаат доказ за осигурување на нивните мобилни телефони.