Паметните телефони заминуваат во историјата?

26

Фото: Pixabay

Извршниот директор на Samsung, Диџеј Кох, смета дека се ближи крајот на класичните паметни телефони.

Според него, во тренд ќе бидат телефони што може да се виткаат, а се очекува и експанзија на уреди што може корисникот да ги носи на себе, пишува ZDnet.

Таа промена ќе биде природна и нема да биде радикална. Кох смета дека изминатата декада ја обележаа паметните телефони, а сега е нов период во којшто ќе се комбинира вештачка интелигенција, 5G и IoT, во којшто повеќе нема да се размислува за паметни телефони, туку воопшто за паметните уреди.