“Паметно“ капаче проверува дали млекото е расипано

46

pametno kapace

Научници од Универзитетот Беркли и од тајванскиот национален Универзитет Чао Тунг, развија “паметно“ капаче со чија помош може да се одреди дали млекото во шишето е расипано.

Во ова капаче има вграден електронски сензор којшто безжично ја следи свежината на млекото, пишува порталот Gizmag.

Електричниот склоп може да ги открие промените во млекото со едноставно движење на шишето, за да може течноста да дојде во контакт со безжичниот читач. Освен кај млекото, овој сензор може да се користи и кај други видови на течности или храна.

Научниците кои стојат зад овој пронајдок веруваат дека со нивното капаче ќе се заштедат огромни количини на храна коишто завршуваат во депониите поради поминатиот рок, иако сè уште се употребливи.