Паметно тетрапак пакување што го намалува фрлањето на храна

153

Научниците од Универзитетот Cornell во Њујорк, создадоа паметно тетрапак пакување што има за цел да го намали фрлањето на храната, во овој случај млекото.

На самото пакување се наоѓа QR код и сензор. Кодот содржи информации како од која фарма е млекото, каде се обработувало, како и специфичните микроби од фармата и фабриката што би можеле да се најдат во него.

Сензорот го регистрира времето што поминало откако млекото било ставено во пакувањето, заедно со температурите на коишто амбалажата била чувана. Корисниците и трговците, со помош на апликација за смартфон ќе ги скенираат сензорот и QR кодот, со што ќе добијат прецизна информација за рокот на млекото.

Проектот е овозможен од Фондацијата за истражување на храна и земјоделие, компанијата за јогурт Chobani и Државната њујоршкка организација за промоција на млечните производи.

Фото: Cornell Chronicle