Panasonic го продаде уделот во Tesla за 3,6 милијарди долари

62

Јапонскиот конгломерат Panasonic го продаде својот удел во американскиот производител на електрични автомобили, Tesla за околу 3,6 милијарди долари во фискалната година што заврши во март оваа година, пренесува Ројтерс.

Продажбата доаѓа во момент кога компанијата сака да ја намали својата зависност од Tesla и да обезбеди финансиски средства за инвестиции во раст.

Panasonic во 2010 година купи 1,4 милион акции од Tesla по 21,15 долари по акција или со вкупна вредност од 30 милиони долари. Уделот на Panasonic на крајот на март минатата година достигна вредност од 730 милијарди долари.

Фото: Pexels