Panasonic ја купува американската Hussmann за 1,2 милијарди долари

106

panasonic

Јапонскиот производител на електроника Panasonic го купи мнозинскиот удел во американскиот производител на системи за ладење Hussmann за 1,2 милијарди долари, пишува Reuters.

Panasonic го купи уделот во Hussmann од компанијата Clayton Dublier & Rice, коишто ги купија акциите во 2011 година.

По повлекувањето од пазарот на паметните телефони и плазма телевизори, Panasonic се префрла на автомобилска и напредна технологија.