Panasonic го лансираше Toughbook 40, лаптоп со издржливост според највисоките воени стандарди MIL-STD-810H и MIL-STD-461H и заштита од прашина и вода според IP66 нормата.
Меѓу другото, тоа значи дека нема да му биде ништо ако го фрлите на бетон со висина од два метри, а во издржливоста е вклучена и отпорноста на ниски и високи температури. Од таа причина е наменет за идустријата, војската, итните служби и за сите дејности каде што обичните лаптопи брзо би биле уништени.
Лаптопот тежи 3,35 кг и има камера од 5 мегапиксели со заштитен капак. Toughbook 40 ќе се продава по почетна цена од 4.899 долари.