Panasonic развива подвижен фрижидер што носи пијалак и храна

25

untitled

Фото: Youtube

Јапонската компанија Panasonic развива паметен фрижидер што се движи низ домот разнесувајќи изладени пијалаци и храна, пишува New Atlas. За да го добие тоа што го сака во дадениот момент сопственикот треба само да даде гласовна команда.

Уредот реагира на гласовни команди како Alexa или Cortana и користи сензори за да ја испита околината и да креира мапа на собата. Фрижидерот умее да процени каде се наоѓа во собата и да избегне евентуални препреки додека стигне на местото каде што е повикан.

Уредот работи на батерии и се полни по потреба. Panasonic не открива многу за својот најнов изум којшто сè уште е концепт. Компанијата прво ќе сака да види дали и како јавноста ќе реагира на еден ваков паметен фрижидер.