Пандемијата и кариерата на жените

56

Начинот на којшто многу жени живеат и работат се промени од појавата на пандемијата. Скоро 82% од испитаните жени изјавиле дека пандемијата имала негативно влијание на нивните животи и скоро 70% од нив почувствувале дека кризата може да има последици за напредок на кариерата, покажува истражувањето на Deloitte Global.

Со ова истражување се опфатени 400 вработени жени ширум светот, а се открива влијанието на пандемијата врз рамнотежата помеѓу приватниот и професионалниот живот, како и на општото здравје и состојбата на вработените.

Вкупно 65% од испитаничките рекле дека сега имаат повеќе домашни обврски, а една третина рекле дека на работа имаат многу повеќе обврски поради пандемијата.

Испитаничките кои навеле дека почувствувале негативни импликации врз нивната кариера, како главни последици ги наведуваат: влијание врз физичката состојба (40%), неможност за ускладување на приватните и професионалните обврски (4-%) и влијание врз менталното здравје (39%).

Расте бројот на жени кои немаат деца, чувствуваат потреба да бидат во секое време достапни на работа (53%), повеќе од оние кои имаат таков вид на обврски (44%).

Иако поголемиот дел од анкетираните жени гледаат можност за напредок во кариерата во текот на следната година, 60% од испитаниците се прашуваат фали воопшто сакаат да напредуваат.

Фото: Freepik