Пандемијата им ја “отвора“ вратата на роботите

40

Уште пред да коронавирусот да добие размери на пандемија, бројни индустрии на голема врата ги пушти роботите во своите погони. Сепак, се верува дека пандемијата би можела овој процес да го забрза, па да ги поттикне и оние компании кои не планирале да ангажираат роботи, да почнат да размислуваат на темата.

Како една од главните предности што ги имаат роботите во ек на пандемија е тоа што тие не можат да се заразат и да добијат вирус, но можат да вршат многу автоматизирани задачи без грешка.

Во време кога се бара социјално дистанцирање, што е тешко изводливо за некои индустрии, роботите би можеле да дадат свој придонес. Ваков став, како што пренесува New York Times, има извршниот директор на компанијата AMP Robotics, Метани Хоровиц.

“Некои компании што бараа еден или два робота, сега велат дека имаат потреба од повеќе“, вели тој.

Зголемената популарност на роботизацијата во текот на пандемијата може да значи и помала побарувачка за работна сила во иднина. Реалноста вели дека некои од компаниите кои масовно отпуштаат работници, ако би се вратиле на времето пред да избие пандемијата, тогаш наместо луѓе би ангажирале роботи.

Многу (не) технолошки компании користат вештачка интелигенција наместо човечки ресурси за комуникација со клиенти. Исто така, зголемен е и бројот на луѓе кои користат услуги на онлајн банкарство, па тоа би можело во прашање да доведе голем број на работни места во овој финансиски сектор.

Фото: Pixabay