Пандемијата ја намали побарувачката за деловен простор

30

Се проценува дека поради пандемијата, побарувачката за деловен простор во Србија е намалена за околу 30% во однос на минатата година. По укинување на вонредната состојба, како што пишува магазинот Бизнис и финансии, пазарот повторно се активираше.

Според проценките на агентите за недвижнини, цената на деловен простор за издавање во Белград се движи од пет до 30 евра за метар квадратен.

Во вонредни околности скоро 60% од компаниите, вклучени во анкета на Стопанската комора на Србија, работеле од дома. Секоја втора фирма со економските последици од вирусот се борела така што го намалила бројот на работни часови.

Компаниите што покажале поголема флексибилност, полесно се прилагодиле на условите, па не само што вовеле работа од дома, туку и своите производи и услуги ги нуделе преку интернет, што ја намалува потребата од канцелариски простор. Во овој сегмент, предводат ИТ компаниите, но податоците покажуваат дека добро се снашле и компании што се занимаваат со производство на храна и пијалаци и земјоделство. Од друга страна, две третини од компаниите поради природата на работата немале можност да работат електронски, како што се индустриските капацитети, организација на настани, туризам, транспорт…

Околу 13% од компаниите, како одговор на кризата, отвориле интернет продавница или имаат план да го направат тоа, што е дел од нивната стратегија за закрепнување.